Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски по средбата со Ескобар: нашата загриженост за Македонија е поголема, оти ние живееме во неа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

По вчерашната средба со Ескобар, лидерот на опозицијата, Мицкоски, рече дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од било кој загрижена за состојбата во која се наоѓа државата бидејќи, како што рече тој, го делат секојдневието во кое живеат граѓаните и најголем приоритет им е квалитетот на граѓаните.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Ценам дека сега и лично на господинот Ескобар позициите на ВМРО-ДПМНЕ му се појасни. Ние сме исто така како нив загрижени за актуелната состојба во Македонија, но нашата загриженост ќе си дозволам да кажам е многу поголема, затоа што сепак ние живееме во оваа држава. Го делиме секојдневието, се бориме да го промениме тоа секојдневие и да значајна ни е соработката со сите наши стратешки партнери и соработката со меѓународната заедница. Но, најголем приоритет има квалитетот на нашите сограѓани и состојбата во која нашите сограѓани живеат во Македонија. За тоа да се промени потребни се предвремени парламентарни избори, затоа што оваа влада секако има кредибилитет нула и единствената платформа и политика која ја имаше а тоа беше прифаќање на бугарски диктат и се удри во ѕид, видовте немаат 2/3, немаат 80 пратеници и не постои ниту една друга сврзана точка која што на нив им била да останат ден повеќе таму каде што се“ изјави Мицкоски.

— реклама —

— реклама —

Повторно истакна дека потребни се предвремени парламентарни избори бидејќи „владата на СДСМ и ДУИ е влада без народен легитимитет и политички кредибилитет еднаков на нула“.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања