Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски по средбата со Орбан: Зборувавме за блокираниот пат кон ЕУ, добивме недвосмислена поддршка од Унгарските пријатели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dsc01

Заедно со потпретседателот Александар Николоски се наоѓаме во главниот град на Република Унгарија, Будимпешта. Утрото го започнавме со работен појадок кај министерот за надворешни работи господинот Петер Сијарто, а денот го продолживме на еден работен состанок со претседателот на владата и големиот пријател на Македонија, господинот Виктор Орбан, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски додава:

— реклама —

Разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација во Македонија, ги пренесоа нивните искуства во справувањето со КОВИД пандемијата која иста така се чувствува и овде во Унгарија.

Истовремено зборувавме за блокираниот пат н Македонија во рамките на Европската Унија, и нашите домаќини го споделија нивното искуство како течеа преговорите кога Унгарија практично стануваше членка на Европската Унија.

Од страна на домаќините беше уште еднаш реафирмирана недвосмислената поддршка за Македонија, за македонскиот народ, за граѓаните на Македонија и недвосмислената поддршка во евроинтегративниот процес да Македонија еден ден биде членка на Европската унија.

Да напоменам дека еврокомесарот за проширување господинот Оливер Вархеји потекнува токму од нашата сестринска партија Фидеш. Ги продолживме разговорите за внатрешните случувања во рамките на ЕНП (Европската народна партија), се согласивме и го поздравивме изборот на новиот претседател на нашата сестринска партија ЦДУ во Германија и очекуваме плодна заедничка работа помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и Фидеш и ЦДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања