Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски поминува низ пекол со короната: Тешко дишам, глвата ми пука од температура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski-111

По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци, закани, уцени, менуваа изборен законик на пет минути пред почеток на кампања, во услови на пандемија, карантин, пакети, ја задожија државата за повеќе од една милијарда евра, пљачкаа и пљачкаат сѐ уште и што ли уште не… Денес ги видовме со сета своја немоќ како на отворена сцена се обидуваат византиски убедени од своите лакеи (поранешни високи функционери на опозицијата) како се препелкаат нудејќи поделба на власта ама јас да не сум бил дел од истата бидејќи со мене немало договор, не сум бил добар соговорник, напиша на својот ФБ профил предмалку претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски во објавата додава:

И тука ДА прв пат се сложувам со Зоран Заев, јас немам концесија и не должам никому ништо, единствено му должам на мојот народ, на Македонците , на граѓаните на Македонија, на пратеничката група од коалицијата За обнова на Македонија, ИК, ЦК, општинските комитети, месните комитети, униите на ветерани, млади, жени, на активистите, симпатизерите што покажаа единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба и се ќе сторам ним да им се оддолжам.Имам една порака до вас, господа од власта, заедно со вашите лакеи, за мене денес е исклучително тежок ден. Пеколно тежок ден бил деветтиот најтешкиот, се борам со болеста, тешко дишам, а главата ми пука од температура, но имам јас енергија, мотив и волја и за борба со вас.Ова го пишувам од собата во инфективната клиника со сиот револт во себе што и направивте на Македонија. Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник.Но, тој филм нема да го гледате и ви ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од инфективна, а потоа не чека многу работа…Сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор!И овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи. Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам. Македонската пролет доаѓа!

— реклама —

фото: PRTSC ФБ Христијан Мицкоски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања