Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Мицкоски: Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет- сега, за да не биде предоцна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Protest3

Протест сега, за да не биде предоцна, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНе, Христијан Мицкоски.

Во продолжение на објавата се вели:

Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против "администрација" како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави "терористи" и "престапници", а не ослободители. Не!

Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи.

— реклама —

Македонија е за пријателство, но пријателството значи взаемно почитување. Ако нема почитување, нема да се разбереме. Да не бидеме неми, да бидеме гласни пред да биде предоцна.

Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет.

— реклама —

Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили.

Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме.

— реклама —

Сега, за да не биде предоцна, напиша Мицкоски на ФБ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања