„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мицкоски: Повикувам на поголема свесност на негување и зачувување на нашиот јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski-1

Честитка по повод 5 мај - Денот на македонскиот јазик и азбука од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. во честитката се вели:

— реклама —

Им го честитам на сите граѓани на Република Македонија 5 Мај - Денот на македонскиот јазик и азбука. На денешен ден пред 75 години македонската азбука е усвоена како официјално писмо на македонскиот јазик. Блаже Коневски велеше јазикот е нашата татковина, а Крсте Петков Мисирков  напиша дека постои македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи, се вели во честитката од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски.

Денеска како никогаш порано македонскиот јазик и нација се ставен пред премрежије и  негација поради лошите и непромислени политики на актуелната власт. Штетната политика на власта ја отвори вратата на пропагандите, негациите, проблемите.

— реклама —

Нашето вековно постоење и македонската самобитност на нација и јазик е загрозена и замената со желбата за моќ и пари на оние кои управуваат со власта. Тие сакаат да управуваат и тргуваат со нашето постоење. Со едната рака покажуваат како го бранат јазикот, со другата го раскрчмуваат.

Но сакам да потенцирам дека јазикот е жива материја и истиот опстојувал со веков и ќе продолжи да опстојува и понатаму без разлика кој и да сака да го загрози.

Mакедонската нација и јазик поминале низ поголеми премрежија, но останале тоа што се. Ќе го поминеме и овој период како што доликува.

Повикувам на поголема свесност на негување и зачувување на нашиот јазик.

Дозволете ми уште еднаш да ви го честитам 5 мај- Денот на македонскиот јазик и азбука со желба за долг и вековен развој, се вели во честитката од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски.

фото: Архива

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања