Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски повторно кај својот ментор Груевски по инструкции за референдумот, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
grujo-micko1

Христијан Мицкоски повторно беше во Будимпешта, веројатно по нови инструкции од неговиот ментор, криминалецот во бегство Никола Груевски, вели СДСМ.

— реклама —

„Откако му пропаднаа сите обиди за да ја закочи државата, да ја дестабилизира и да создаде поделби, сега очигледно му се потребни совети како да се однесува по однос на референдумот што самиот го најавува.

Референдумот на Мицкоски е само за вантрепартиска употреба, него не го поддржуваат ниту неговите коалициски партнери освен Левица а прашање е дали има поддршка и од сопственото членство.

— реклама —

Затоа што се виде дека тој нема доверба ниту во раководството на партија, дека на веб сајтот на ВМРО-ДПМНЕ единствен член на Извршниот комитет е самиот Мицкоски.

— реклама —

Затоа Мицкоски ја лаже јавноста со некакви нотарски изјави на пратениците кои се без правно дејство и се скара со сите опозициски партии.

Мицкоски има проблем секогаш кога државата напредува, затоа креираше крвави сценарија, затоа најавува референдум за кој и самиот знае дека нема да биде успешен.

— реклама —

Христијан Мицкоски останува осамен во антиевропското и деструктивно постапување“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања