„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Мицкоски пред Европаратениците се пожали на лошата политичка и економска состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
slika-1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николоски во Скопје, во канцеларијата на преставништвото на Европската Унија остварија работен ручек со Европаратениците Едуард Кукан, Кнут Фленкенштајн и средба со европратениците Кристијан Дан Преда, Илхан Коучук, и евроамбасадорот Самоил Жбогар.

— реклама —

На средбата претседателот Мицкоски ја потенцираше лошата политичка и економска состојба и доцнењето со исполнување на обврските од евроагендата. Мицкоски истакна дека власта наметнува недемократски амбиент и поделеност на општеството служејќи се со притисоци и прогон врз опозицијата и неистомислениците и во такви едни услови создадени од власта ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го замрзне своето учество во процесот Жан Моне, ценејќи ја неговата функција но неоправдувајќи ги методите со кој се служи власта.

— реклама —

Мицкоски посочи дека корупцијата и криминалот останува еден од главните проблеми во државата, како и недостатокотот на правна држава и владеење на право. Власта создава систем во кој имаме зависно судство, политизирано обвинителство кои се ставаат во функција на политичките цели на актуелната партија на власт. Сето ова придонесува до голем застој во реформите врзани со европската агенда која не е приоритет за актуелната влада.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека треба да се овозможи јавен обвинител на предлог од опозицијата кој ќе се справи со сомнежите за криминал и да овозможи борба против корупцијата, и дека власта треба да го прифати ова барање доколку навистина суштински се залага за правна држава и владеење на правото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања