Промени тема
Контакт

Мицкоски пред граѓаните да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели““, вели Георгиевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
28.05.2022-Georgievska

Сите околности во аферата “Криминални парцели“ во која се проневерени околу 1,6 милиони евра водат до луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, Белиот дворец и блиски на Христијан Мицкоски.

Шест од седум осомничени во оваа криминална афера се тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски,вели Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

„Оттука, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“?

Дали 1,6 милиони евра завршиле за финансирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ? Или за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?

— реклама —

Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацовите на Водно?

Овие сомнежи за коишто говориме се основани по сите информации кои изглегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема.

— реклама —

Како претставници на граѓаните имаме обврска да се бориме за нивните интереси.

Мицкоски не треба да бега од јавноста туку да излезе и да одговори.

— реклама —

Овој случај мора да добие ефективна правна разрешница и сите инволиврани да сносат соодветна законска одговорност, без разлика за кого се работи.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да не се обидуваат да вршат притисок, туку да остават институциите да ја работат својата работа“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања