Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски пред средбата со Орбан и Јанша: Или ќе се задушиме во меѓусебни обвинувања или ќе тропнеме на вратата за поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
micko

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денеска замина во мини дипломатска офанзива кај сестринските партии во регионот и Европа. Мицкоски ќе оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан и словенскиот премиер Јанес Јанша.

— реклама —

И во интервјуто дадено за Дојче Веле Мицкоски рече дека секоја средба има своја цел, посочувајќи дека како една од темите на која ќе се разговара на средбите е токму блокираната европска перспектива на Република Македонија, како и за можноста Унгарија и Словенија да помогнат за придвижување кон европската иднина.

Независно што ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, сметам дека треба да се искористи сиот расположлив потенцијал да се направи своевиден притисок и да се придвижиме кон патот на ЕУ. Имаме две опции – или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на Договор за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли Бога да не се дознае. Втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ, изјави Мицкоски за Дојче Веле.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања