Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски преку ФБ најави дел од плановите меѓу кои: носење историски план за економски силен развој, враќање на рамниот данок и поголеми плати и пензии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

mickoski-3

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со објава на својот фејсбук профил најави носење историски план за економски силен развој, враќање на рамниот данок и поголеми плати и пензии кои би се постигнале преку зголемување на економскиот развој.

Мицкоски на ФБ напиша:

— реклама —

„На уште една од стотиците лаги на Зоран Заев и пристигна демантот.

— реклама —

Дека на лагата и се кратки нозете говорат следниве факти, имено бројот на работници во индустријата во месец Мај 2019 е за 2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година. Истото важи и за бројот на работници во индустријата за периодот од Јануари до Мај 2019 споредено со истиот период во 2018 година, имено во периодот Јануари-Мај 2019 работат во индустријата за 0,6% помалку работници отколку истиот период 2018 година.

— реклама —

Вистината е немилосрдна исто какви што се цунами последиците во македонската економија како резултат на политиките на сега веќе двоецот Заев-Анѓушев.

Истовремено индустриското производство во номинала пораснало во месец Мај 2019 споредено со Мај 2018 година за катастрофални 1,2% што е помалку од инфлацијата во РМ, што значи дека реалниот раст е негативен.

Катастрофата во вториот квартал од 2019 што ја најавивме продолжува со рекордно ниското ниво на реализиција на капиталните инвестиции заклучно со месец Мај 2019 година, 13,74%.

Немаат развоен концепт, немаат визија, нема структурни реформи. Планот на двоецот Заев-Анѓушев е во две генерални точки: прво, целосна окупација на министерството за финансии и второ, концепт на зголемување на задолжувањето на државата на рекордно ниво од сегашните 49% од БДП на 60% од БДП (околу 1.500.000.000 $) не за капитални инвестиции и развој туку за социјални трансфери, плати и пензии, мислејќи дека на тој начин ќе тргуваат со симпатиите на гласачите и ќе ги добијат следните парламентарни избори, истовремено потценувајќи ја колективната меморија на граѓаните за сите недела, лаги, криминал и корупција изминатиов период. Едноставно, криминалниот ум не се менува...

Доаѓа крајот на оваа антибизнис и антиреформска влада, доаѓа крајот на криминалот, корупцијата, уцените и притисоците. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ го враќа рамниот данок, поголеми плати и пензии врз основа на зголемена продуктивност и економска активност на компаниите и носи историски план за економски силен развој на Македонија.

#ОбноваНаМакедонија“, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ на социјалната мрежа Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања