Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски прифати уставни измени и тоа јавно го кажа, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski-956

СДСМ го предводи концептот за европска Македонија и работи за остварување на уште една стратешка национална и државна цел поставена уште од независноста: членство во ЕУ до 2030 година, велат од партијата.

— реклама —

„Имаме историска шанса и силна поддршка од нашите стратешки партнери ЕУ и САД и сега време за последниот чекор, да го продолжиме европскиот пат.

— реклама —

Понудивме рака и на опозицијата за дијалог и шанса и тие да се приклучат и сега имаме нов момент на политичката сцена во земјата и нова реторика.

Христијан Мицкоски прифати уставни измени и тоа јавно го кажа на прес конференција по одржувањето на лидерската средба.

— реклама —

Откако цела една година ДПМНЕ се противеа на процесот, организираа насилни протести, ширеа хистерија, носеа маички со натпис НЕ, за Мицкоски сега е прифатливо да има уставни измени, прифатено е учество во Влада со СДСМ и други партии.

— реклама —

НЕ на Мицкоски, сега стана ДА, тоа е за поздравување и сега треба дијалогот да продолжи се до заокружување на процесот и обезбедување на европската иднина на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања