Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски призна дека со Апасиев се изолирани и сами против ЕУ а фарсата за референдум нема поддршка ниту од опозицијата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-8

Христијан Мицкоски денеска призна дека тој и Димитар Апасиев се сами и изолирани против ЕУ, се вели во реакцијата на СДСМ во врска со изнесените ставови на Христијан Мицкоски

„Мицкоски потврди дека неговата фарса за референдум којшто е за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка ниту од другите опозициски партии.

— реклама —

Причините за проблемите во својата партија, во опозициските редови, Мицкоски многу наивно се обидува да ги префрли кај некој друг, но за тоа треба да си се погледне самиот себе си.

— реклама —

Целото свое политичко делување Мицкоски го сведе на ширење лаги, манипулации, на крвави сценарија, обиди за блокада на државата и европската иднина на граѓаните.

Се што кажа Мицкоски излезе обратно, нема бугаризација, нема асимилација, почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и зачуван идентитет.

— реклама —

Впрочем исто така беше и за лагите дека со Договорот од Преспа ќе се избирише АСНОМ, за кантонизација и федерализација, за Законот за употреба на јазиците.

— реклама —

На усвоени заклучоци од Собранието, на заштитен македонски идентитет, на почнати преговори со ЕУ со чиста формулација на македонскиот јазик, Мицкоски нема повеќе простор.

Никој не му е виновен на Мицкоски што ги лажеше граѓаните, своите членови и другите партии“, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања