Мицкоски прогласи апсолутна победа: Скопје е вмровски и слободен град, Македонија е слбодна држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-10-31-at-22.04.35

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи победа по вториот круг од локалните избори. Тој кажа дека не треба да се заборави поткупот, насилното однесување, заканите и уцените, кои според него, ги имало. Според Мицкоски победата во Битола на ВМРО-ДПМНЕ е со повеќе од 3.000 гласови разлика, но и во Брвени,а, Василево, Вевчани, Гевгелија со повеќе од 2.00 гласови разлика, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа и дека партијата има победа во Лозово, Македонска каменица, Македонски брод. За Охрид кажа дека ВМРО-ДПМНЕ победила со повеќе од 4.000 гласови разлика. Победа според него има и во Пехчево, Радовиш, Ресен, Чешиново-Облешево, Ранковце. Мицкоски кажа дека Стевчо Јакимовски како коалиционен партнер, победил во Карпош. На крајот, ја честиташе победата на Данела Арсовска како независен кандидат за Скопје.

— реклама —

„Промените започнаа од вечерва. Сите заедно за нова иднина, заеднички и сложно да го оствариме сонот за кој 30 години сонуваме а никако да го постигнеме. Кажете им на сите граѓани од сите краеви. Ова е денот од кога почнуваат промените. Промените за обединување, подобар живот, силен стандард, промени за иднина за која се бориме, ова е убедлива победа, победа на народот на Македонија. Им благодарам на сите што гласаа и сите кои не гласаа, а чија доверба ќе ја бараме. Една е за сите нашата Македонија, сплотена и заедничка. Заедно успеавме да ги победиме. Успехот е можен затоа што е вербата е сигурна. Благодарност до Алијанса на Албанците, Левица на Димитар Апасиев, сите заедно срушивме бариери и докажавме дека широка опозиција е возможна. Покажавме дека и покрај разликите сепак можеме да се обединиме околку заедничка цел, Македонија без корупција која ќе се развива и ќе оди напред, Македонија интегрирана во ЕУ, тоа докажува дека еден опозициски блок е сосема извесен и тој ќе донесе огромна промена на следните парламентарни избори, за кои веројатно е дека ќе бидат предвремени. Благодарност до ЛДП/ДОМ кои оставија на демократски начин, граѓаните да си ја кажат својата волја“, кажа Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања