Промени тема
Контакт

Мицкоски рака под рака со Апасиев дејствува против ЕУ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Христијан Мицкоски заедно, рака по рака со Димитар Апасиев дејствува против ЕУ и заедно хистерично шират невистини, вели СДСМ

— реклама —

„Овој двоец лажеше за измислена Тиранска платформа, за кантонизација, за кампови со мигранти, сега лажат за измислена бугаризација која не постои.

За кое било прашање, формата на протест е уставно гарантирано право, но за предлогот на француското претседателство тече процес на широки консултации со сите политички и општествени чинители.

— реклама —

Само Мицкоски и Апасиев не сакаат да го прифатат фактот што во предлогот се вградени нашите забелешки и ставови, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусности и дека историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

— реклама —

Граѓаните да не подлегнуваат на лагите и хистеријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, македонскиот народ никој досега не успеал да го асимилира, ниту го асимилира и тоа нема да се случи ниту во иднина.

Оваа анти-НАТО и анти-ЕУ коалиција на Левица и ВМРО-ДПМНЕ не и мисли добро на државата туку напротив, сака да ја закочи, да ја блокира, да и наштети.

— реклама —

Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но тие секогаш биле препознавани и поразувани, така ќе биде и сега“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања