„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Мицкоски : СДСМ го подели народот како никогаш досега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_04

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ пред жителите на општина Брвеница рече дека гласот даде за кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски е всушност глас даден за Зоран Заев и продолжување на неговите криминални политики од кои единствен интерес имаат тие двајца и СДСМ, додека граѓаните живеат се полошо.

— реклама —

Мицкоски ја искомнетира и вчерашната изјава на Пендаровски каде што изјави дека доколку го застане полиција поради брзо возење нема да го казни бидејќи го знаеле од телевизија.

— реклама —

— реклама —

Денеска не знам дали можевте да видите , но јас видов еден исечок од обраќањето на кандидатот за претседател на Зоран Заев, бидејќи не можам поинаку да го наречам човекот кој што во мафијашки стил во еден скап скопски хотел беше номиниран од деспотот Заев и избран. Не можам поинаку да го наречам кандидатот на Зоран Заев, тоа е паричка со лице и опачина, иста паричка е тоа. Го слушам и вели, замислете мене да ме сопре припадник на МВР и тој припадник да ме сопре затоа што возам со недозволена брзина, што мислите вика ќе ме казни? Па се смее онака шеретски помалку несмасно. И потоа сфаќа што кажал откако вели дека самиот си го дава одговорот на прашањето, нема шанси да ме казни бидејќи ме знае од телевизија. Го знаеле од телевизија, замислете затоа нема да го казнат, но па вели може ќе ме казни, ама само ако е од овие вмровците, вели Мицкоски.

— реклама —

Според претседателот Мицкоски ова е всушност разликата меѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ, бидејќи Заев, Пендаровски и СДСМ ги поделиле граѓаните.

Е тоа е суштинската разлика помеѓу нас и господа од СДСМ, вас. Што вие го поделивте народот како никогаш досега, кажа Мицкоски.

2uW8sTJKdEw

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања