Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски: Се бориме за комплетна промена на власта за која сум свесен дека носи комплетна одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3758

Денешниот ден и денешниот избор го дава идниот претседател на Македонија.

Но она што е важно, од денес ви најавувам дека на 8 мај следува комплетна промена во Македонија, изјави Христијан Мицкоски на денешната Конвенција за избор на претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Мицкоски порача дека има незавршена работа која започна од последните локални избори, а комплетна ќе биде по двојната победа на претседателските и парламентарните избори.

— реклама —

Имаме незавршена работа, започната од последните локални избори. Комплетна промена, и двојна победа на претседателските и парламентарните избори, нагласи тој.

— реклама —

Мицкоски потенцираше дека се бори за комплетна промена на власта за која како што рече свесен сум дека носи комплетна одговорност.

Да победи надежта, правдата. Триумф на народот кој ќе си ја врати Македонија во своите раце, истакна тој и додаде:

Комплетната промена и поразот над неспособноста, победа на обесправените, на илјадниците кои сега ја губат надежта, и им велам доаѓа време на ПРОМЕНИ.

Почнуваме денес и завршуваме на 8 мај. За комплетна промена која мора да знае секој еден во оваа сала дека носи и комплетна одговорност. Го немаме луксузот за чекање, калкулирање, ниту пак на меден месец како некој го вика периодот од првите 100 дена. И тоа не Македонија за 10 години, туку држава која дава брзи резултати. Бидејќи овој народ нема трпение да чека да дојдат некакви подобри времиња за една, две декади. Доста е чекање. Чекавме сите премногу, а не се случи ништо, туку отиде се за жал се на полошо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања