Промени тема
Контакт

Мицкоски се плаши од Ковачевски, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja

Уште од првиот ден од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ очајно и неуспешно се обидува да го дискредитира претседателот Димитар Ковачевски.

Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирање на најголемата економско-енергетска криза предизвикаа страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски.

— реклама —

Од друга страна, и ВМРО - ДПМНЕ и Мицкоски се уште бараат начин да го баранат, да го замаскираат и оправдаат криминалот на Никола Груевски. Наместо да се извинат и оградат од неговите злодела.

— реклама —

Бројни судски пресуди како што се предметите Титаник, Тенк, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно каде се изречени правосилни затворски казни за голем број високи функционери на партијата, како и за Никола Груевски, се потврда на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

“Скопје 2014” е барокна пералница на 1 милијарда народни пари и бегање од одговорноста за сторен криминал нема.

— реклама —

Тоа што ВМРО- ДПМНЕ се уште се обидува да го рехабилитира Никола Груевски дава одговор зошто единствено Мицкоски не аплаудираше во парламентот кога се ратификуваше нашето членство во НАТО Алијансата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања