Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Мицкоски се сретна со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Џанг Ѕоу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Mickoski-Ambassador-Zuo-SREDBA-1001-3

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф - др Христијан Мицкоски со Стефан Андоновски советник за меѓународна односи и дипломатија остварија средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕоу.

На средбата се разговараше за односите помеѓу двете држави, актуелната состојба во државата и можностите за соработка.

— реклама —

Мицкоски истакна дека односите помеѓу двете држави се исклучително пријателски, но има простор за дополнително продлабочување особено на полето на економијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја потенцираше заложбата на партијата за отворени економски односи и економска обнова, поволна бизнис клима која ќе ги привлекува инвеститорите од целиот свет.

— реклама —

Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Мицкоски ќе биде фокусирана на економски развој кој ќе придонесе за подобар живот. Сегашната состојба е разочарувачка, ниското ниво на инвестиции, и разорената економија создаваат зголемена сиромаштија и иселување на кое мора да му се застане на патот.

Мицкоски истакна дека новата Влада ќе вложи напори за остварување на стратешката цел а тоа е влез на Република Македонија во Европската Унија и забрзана патека по која ќе се движи преку коренити реформи и вложувања.

— реклама —

Фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања