Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Мицкоски се сретна со Манфред Вебер, претседател на ЕНП во Европскиот Парламент

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

На маргините на Политичкото Собрание, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Манфред Вебер, претседател на ЕНП во Европскиот Парламент.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше Вебер за актуелните состојби во државата. Мицкоски укажа на политичкиот прогон од страна на актуелната власт преку злоупотреба на државните институции. Наместо реформи кои би ја придвижиле државата напред, Мицкоски посочи дека секојдневно сме сведоци на коруптивни скандали и општ грабеж кој ја уназадува државата како на политички така и на економски план. Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од патот кон ЕУ и НАТО, информираат од партијата.

— реклама —

— реклама —

Освен за актуелната дневно-политичка состојба, Мицкоски го информираше Вебер и за внатрепартиските случувања и трајната определба на ВМРО-ДПМНЕ, за приоретизирање на евро-атлантските интеграции на Република Македонија.

— реклама —

Манфред Вебер Претседател на ЕНП во Европскиот Парламент е најсериозен кандидат за претседател на Европска Комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања