Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Мицкоски се закани: Ќе си лежите до Катица!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski

Нема двотретинско мнозинство за законот за ЈО, нема ново Пржино, што сте дробеле тоа и ќе сркате, ќе бидете први соседи на Катица, порача Мицкоски преку видео порака.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку видео порака објавена на Фејсбук ѝ порача на власта дека нема да има двотретинско мнозинство за законот за Јавно Обвинителство и воопшто да не се надева дека до решение ќе се дојде преку некое ново „Пржино". Во најавите на власта дека ако не се донесе законот, „план Б“ е да се избере в.д. шеф на СЈО преку измени во акутелниот закон, Мицкоски препознава задни намери на власта со две цели., објави dw.com.

— реклама —

„Првата е политичка - да се пресметаат преку инсталациите во Обвинителството со политичките неистомисленици. Втората е да го заштитат криминалот којшто ќе го стават зад себе, а обвинителскиот систем да им биде слуга. Тоа така не може, и тоа така нема да помине“, порача Мицкоски.

— реклама —

Тој децидно отфрли какви било политички преговори за законот за ЈО.

— реклама —

„И ако се надеваат на некакво ново Пржино, на некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува сѐ и сешто, надополнето со по некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. Јас ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот во целост на: dw.com.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања