„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицкоски: „Сите кои ги злоупотребиле народни пари ќе одговараат пред законот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Mickoski-PRESS-1608-1

Сите кои ги злоупотребиле народните пари ќе одговараат пред законот, најави Мицкоски на денешната прес конференција. Тој порача дека нема намера за никаква амнестија за сторен криминал.

— реклама —

 Не, јас затоа поставив прашање конкретно за белградската врска и повикав на пишувањата на некои соседни медиуми, ако внимателно ме слушавте и логично е да побараме одговор, затоа што јавен интерес е во прашање, бидејќи гледаме дека дел од тие луѓе кои што се дел од таа таканаречена белградска врска деновиве добија продолжување на договорот во владата како советници на првиот човек во владата. И тоа е легитимно прашање кое ние го поставуваме, можеби ќе се охрабрат од владата и ќе одговорат. Докази не се презентираат на прес конференции, докази се носат во Обвинителство. Така што ако треба за обвинителството и судството во оваа држава поголем доказ од тоа што жртвата или ајде да бидам појасен жртвите на Рекетот, притисоците и уцените, од оваа афера ги приложиле во рамките на обвинителството, а обвинителството гледаме месеци му треба да го земе телефонот на Катица Јанева да го вештачи, гледаме дека Катица Јанева си се сонча на плажите кај нашиот јужен сосед, а истовремено знаеме дека политички неистомисленици и дел од луѓе кои што се блиски до опозиционата ВМРО-ДПМНЕ за банални работи поради тоа што се политички неистомисленици се наоѓаат во притвор и ќе потсетам дека член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат моментално во притвор, останатите се ослободени или се наоѓаат во домашен притвор или имаат некои други мерки, само овие се наоѓаат во ефективен притвор од случај кој што беше измислен за да се врши притисок врз опозицијата, односно потврда на оној политички прогон кој што го врши Зоран Заев. Знаете како тогаш веднаш реагираше обвинителството и одма изрече мерка притвор и дури според нашите информации повторно ќе кажам не велам дека се сто проценти точни велат дека тој судија и од одмор бил повикан практично за да ја изрече таа мерка за ефективен притвор. А денеска гледаме дека сето ова си се релативизира се повикуваме на некакви си битка за борба против криминалот, па завршија одморите на едниот, па завршија одморите на другиот и таканатаму, доказите и се уништуваат, гледаме дека вчера еден од обвинителите помошници на Катица Јанева вели дека вовеле метод на претрес, јас ако сум чист ако совесно си ја вршам работата од што ќе се плашам да наредувам моите соработници да бидат претресувани. И ова за никого, буквално за никого ништо не значи. Се си е фини, хармонични сме, среќни сме, си владееме, си уживаме во привилегиите. Но проблемот е што народот од ден на ден е се поразочаран. Од ден на ден тонеме како држава и не му ниту да мислите дека нашите сојузници од Европа, но и од светот тоа не го гледаат, и дека ова нема да се одрази врз процесите кои што следат за нашата татковина, а тоа се дата за отпочнување конечно, трета година по ред сме лажени дека од Зоран Заев само што не сме, дури славевме една година дека добивме дата, па излезе дека не сме добиле. Немојте да мислите дека ова нема да остави трага. Проблемот е што ја загрозуваат иднината на генерации наши сограѓани, за да можат што повеќе да се одржат на власт и да имаат што е можно повеќе политички привилегии. Затоа ние велиме ова е несериозно, овие луѓе треба да одговараат за стореното, има јасни докази и има индиции за сторен криминал, нека постапат институциите. Гледаме дека институциите се инфериорни и индолентни, и практично само ја набљудуваат од публика целата оваа ситуација“, истакна Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања