„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мицкоски: Сите што го празнуват Велигден да го почувствувате и да го живеете воскресението на животот во своите домови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski

Честитка од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски до До Скопскиот Бискуп и Апостолски Егзарх, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар. Во честитката се вели:

— реклама —

-Денеска се празнува спасението, кога Бог му подари на човека неискажливо ослободување од секаква тага и несреќа. Народот не залудно го нарекува Велигден, денот кога животот ја победува смртта.

Посакувам овој ден и овој празник за католичките верници, да им донесе мир и благосостојба во своите семејства. Да се радуваат, затоа што доброто секогаш триумфира, а правдата ја победува неправдата. Во вакви времиња на предизвици, искушенија и несигурност им посакувам на верниците спокој и внатрешна радост, да се помолат за сите души и страдалници коишто бараат помош од Бога. Како што Бог ја победи смртта, така нека ни даде храброст да ги победиме сите тешкотии и да ја почуствуваме убавината на животот. Бог нека не води да ги победиме сите премрежија и оваа зараза која демне човештвото. Заедно обединети и истрајни ќе победиме.

— реклама —

Посакувам здравје за болните, воедно во моите мисли се и докторите, здравствените работници, и сите оние кои се во првата линија против заразната  пандемија. Но исто така не можам, а да не ги споменам и оние кои за жал ги чуствуваат директно економските последици од кризата и останаа без работа. Посакувам побрзо застанување на нозе и економска стабилизација и сигурност.

Сите што го празнуват Велигден да го почувствувате и да го живеете воскресението на животот во своите домови и овој голем, Велигден да го празнуваме довека сложни, здрави и среќни.

Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години!

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања