ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори зашто размислува за победа. Очекувам масовна поддршка за Гордана Силјановска-Давкова и таа е идниот претседател на Македонија, рече лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоскиво интервју за 1ТВ.
-Повеќе се плашам за бојкот од СДСМ и ДУИ во вториот круг, откога ќе ги видат резултатите во првиот. Веднаш по поразот на претседателските избори СДСМ сакала-нејќела ќе мора да оди на предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.
Што се однесува до изборот Владејачката гарнитура да оди со консензуален кандидат Мицкоски рече:
– Тој кандидат е најмалку консензуален, туку заеднички кандидат поддржан од овие две партии за да го намали поразот на претседателските избори и кратко да ја продолжи политичката кариера на политичарите од овие две политички партии. Јас сум сигурен ако излезат со посебен кандидат ќе изгубат од Силјановска, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.