Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски: Со години сум предмет на најцрната кампања на власта, медиум на Џабир Дерала е осуден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mickoski26012024

„Лагата е како топка снег. Колку подолго се тркала, толку поголема станува, но кога ќе застане ќе се растопи.“ – Мартин Лутер Кинг.

Снегот се растопи во рацете на тие кои ги раскажуваат лагите“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

Тој додава: „По добиената пресуда вчера медиум се извини за изнесената клевета кон мене. https://www.brif.mk/objava-na-presuda/

— реклама —

Дополнително медиумот на Џабир Дерала и тој самиот е осуден за клевета за лагата првично пласирана од кујните на СДСМ и ДУИ дека наводно сум изградил куќа во Козле. Ниту сум изградил, ниту имам куќа надвор од имотот кој веќе го поседувам. Народот треба да биде свесен дека ваквите лаги се силно потхранувани и ширени и од инсталациите на власта во дел од една лажна опозиција која е на услуга на власта, и тоа лесно се препознава. Тие повеќе зборуваат за ВМРО-ДПМНЕ отколку за суштината и лошото владеење.

— реклама —

Затоа со години сум предмет на најцрната кампања на власта, која треба да ја засени вистината која ја збориме за тешкиот живот. Но количеството на криминал, неправди и тежок живот е толку голем, што ниту една лага не е погласна од тоа. Така и мојот мотив да ги поразиме е дотолку поголем, затоа што Македонија се губи, а ние немаме втора татковина. Промените доаѓаат!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања