Промени тема
Контакт

Мицкоски со коментар за загадениот воздух: Болен неуспех на власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
mickoski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук напиша дека луѓе го губат здравјето поради неспособноста на власта, ветуваа чист воздух, а добивме најзагаден во Европа, откако Еуроњуз објави дека Македонија е најзагадена држава во Европа во моментот.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме Фејсбук статусот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

— реклама —

„Ветуваа чист воздух, а добивме држава со најзагаден воздух во Европа, луѓе кои го губат здравјето поради неспособноста на власта да испорачаат резултати.

Ноември 2017-та година Зоран Заев и неговите градоначалници ветуваа чист воздух, година потоа, ноември 2018-та година, епилогот е Скопје и неколку други града од државата на црните билтени во Европа по најзагаден воздух. Уште едно фијаско, уште еден срамен и болен неуспех на власта кој овој пат се плаќа со здравјето на граѓаните.

— реклама —

И ова не е некое несуштинско, неисполнето ветување поради кое ќе доживеете краткотрајно разочарување и неколкуминутна нервоза, нивната неспособност сега се плаќа со здравјето на граѓаните, со нивните животи. И не е само до тоа дека не посветуваат внимание, дека здравјето на граѓаните не им е приоритет, туку едноставно не ги бива.

— реклама —

И потребно е да ги засукаат ракавите, и наместо да бараат оправдување во наводно неисправни мерни станици за квалитетот на воздухот, да сработат суштински мерки и активности кои ќе доведат до почист воздух. Нека престанат со периферните и популистички мерки кои освен уште еден ден поминат низ медиумите во фалење, за граѓаните значи потрошен ден без резултати. Респираторните и канцерогени болести се единствената “добивка” од нивната неспособност. Нема време за чекање, овој пат неспособноста на Заев, Шилегов и останатата армадила политичари на власт граѓаните ги чини живот. Скопје наместо метропола препознатлива во Европа по настани и новости, станува град обвиен со црнила, смет и смог кој убива. Потребен е активизам и посветеност. Секој поминат ден да не дозволиме да значи загубено здравје, а луѓето од власта, Централна и Градска треба да бидат свесни дека ова оди на нивната нечиста совест“, напиша Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања