Промени тема
Контакт

Мицкоски: Со мене нема матни дилови, јас ова го правам со чест и чист образ за мојот народ и за мојата земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Hristijan-TV-Sonce-2-01032022

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисијата „Јади Бурек„ на ТВ Сонце каде зборуваше за актуелните случувања во Македонија. Едно од прашањата на водителот беше дали некој од актуелната власт му понудил дил за предавање на власта во замена актуелните политичари на власт да не одговараат или да избегнат одговорност за катастрофалната состојба во која ја доведоа државата почнувајќи од енергетската криза како и ценовниот шок.

Мицкоски беше дециден и кажа дека тој не е човек кој прави дилови, ниту политички ниту пак било какви други.

— реклама —
— реклама —

-Јас не сум човек кој прави дилови, оваа работа не ја работам за дилови туку ја работам за историја. Така почнав и претпоставувам така ќе го завршам мојот политички живот, за да еден ден дојде некој мој правнук и да каже тој ми беше дедо, ете за тоа јас ја работам оваа работа, не ја работам за дилови и со мене дилови не се прават, ниту политички ниту било какви други, а ги имало многу кои се обиделе да прават секакви дилови со мене, истакна Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски додаде дека ако би правел такви дилови тогаш неговото име не би имало место во историјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања