Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Мицкоски: Со нарачани сведоци мислат дека ќе нѐ укинат како партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_002

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

— реклама —

Тој зборуваше дека во овој момент има судски процес против ВМРО-ДПМНЕ се со цел затскривање на сите оние погрешни политки кои владата на СДСМ предводена од Зоран Заев ги прави на Република Македонија во изминатава година и половина откако се влада.

— реклама —

— реклама —

“Ова Кацарска судство и Русковска обвинителство со овие искреирани, исценирани сведочења на кои што сме сведоци изминативе денови има за задача да го реализира проектот како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ. Тие се свесни дека се додека дише ВМРО-ДПМНЕ, се додека е силно толку повеќе нивните политички кариери се доведени под знак прашање. Едниот проект е како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ, а другиот проект е да збориме за се, јас би рекол да дехидрираат од плукање врз Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а притоа да не направат реформа во здравството ниту да ја подобрат економијата ниту образованието нити некој нов проект да направат со кој практично ќе исполнат елементарно ветување со кое излегоа пред граѓаните“ рече Мицкоски.

Мицкоски пред членовите и симпатизерите посочи уште еднаш дека ова било кажано уште пред неколку месеци и дека СДСМ се целосно насочени кон криминалот и кон фингираните судења кои се случуваат во позадина за да не може јавноста да зборува за тоа.

Тој исто така посочи дека се случува и вистинско фијаско во економијата,ќе се воведат повисоки данови за да има поголем грабеж кој ќе го платат граѓаните.

„Повисоките даноци се само да го покријат она што го крада од државната каса, а секако тоа ќе го платата граѓаните. За очекување е да стане уште поскап животот на семејствата, а повеќе пари за државата значи помалку пари за домаќинствата. Ветуваа и дека од тоа што ќе го вовеле повратот на ДДВ ќе имало за секое семејство 13-та плата. Не само што нема 13-та плата туку и 12-тата ја јадат преку зголемените даноци“, истакна пред присутните Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања