„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мицкоски: Сочувство до Турција и пријателскиот турски народ за жртвите од земјотресот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
turcija

Во име на ВМРО-ДПМНЕ искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од земјотресот што се случи во Измир и нашите молитви се за излекување на повредените од природната катастрофа. Денес за жал пријателскиот турски народ и Турција се соочи со сериозна природна непогода, се вели во соопштението од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски додава:

Како жител на Скопје, град кој ја почуствувал жестината на разорниот земјотрес и чии темели се основани на солидарност и хуманост верувам дека и Измир и погодените региони брзо ќе се вратат во нормалните текови и ќе дојде до израз меѓусебната помош, разбирање и хуманост.

— реклама —

По овој катастрофален земјотрес убеден сум дека Турција и турскиот народ ќе излезат посилни и пообединети.

Во нашите мисли се сите кои изгубија членови на своите семејства и свои блиски луѓе, вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања