Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски стои зад блокадите и хаосот во Скопје, дрско ги малтретира скопјани, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
mickoski17062022

Христијан Мицкоски е тој кој стои зад блокадите на приватните превизници и хаосот што му е случува на Скопје, вели СДСМ

— реклама —

„Мицкоски исто како и Ленин Јовановски пред локалните избори ја промовираа и поддржуваа Данела Арсовска и од граѓаните бараа поддршка за неа.

— реклама —

Арсовска победата со трубачи ја славеше во Белиот дворец, рамо до рамо со Мицкоски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Кај ВМРО-ДПМНЕ е сета одговорност за прекин на блокадите.

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Градското собрание, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во сите Управни одбори на јавните градски претпријатија, вклучително и во Јавното сообраќајно претрпијатие.

И наместо да преземат мерки за прекин на блокадите, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дрско ги малтретираат скопјани.

Втор ден, Градот е целосно парализиран, илјадници граѓани не можат навремено да стигнат до своите работни места, до здравствените установи, до училиштата и факултетите, а потешкотии во движењето имаат и возилата на Итната медицинска помош и противпожарната бригада.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска се главните виновници што Скопје е блокиран град“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања