Промени тема
Контакт

Мицкоски стравува дека после Груевски тој е следен на црната листа на САД, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Gruevski-i-Mickoski-na-16-kongres-na-VMRO-4-bg_resize

Христијан Мицкоски молчи за фактот што САД на својата црна листа го стави неговиот шеф и осуден криминалец во бегство Никола Груевски, вели СДСМ

„Причината за овој потег сите ја знаеме и слушнавме и во бомбите, а тоа е вмешаноста на Груевски во бројни случаи на корупција и криминал.

На црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков.

— реклама —

Дали тишината, молкот на Мицкоски можеби значи дека тој стравува дека по Груевски тој е следен на црната листа на САД, како еден од соработниците на Никола Груевски, негова десна рака, негов советник, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ?

— реклама —

Овие сомневања дополнително ги поткрепува фактот што голем број на блиски соработници на Груевски во 11 годишниот режим, сега се блиски соработници на Мицкоски.

До денеска Мицкоски се нема оградено за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ. Не слушнавме осуда за сторените дела, ниту згрозување, ниту извинување кон граѓаните. Христијан Мицкоски наместо повик за одговорност, останува на браникот на криминалот.

— реклама —

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска и криминална партија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања