Промени тема
Контакт

Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја врати Македонија назад, ВМРО-ДПМНЕ се што ветува реализира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarylt6g86b08qpp650qm0h

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во Валандово, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“.  Мицкоски зборуваше за локалните избори и истакна дека на овие избори има само две опции, едната СДС-ДУИ и Левица и другата опција ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Ова се избори каде има две опции, едната полуформална коалиција којашто обединува три политички субјекти, собрани на едно место и водени од две клучни цели. Првата цел е жедта за власт по било која цена и втората е патолошката омраза којашто ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата СДС-ДУИ и Левица. Таму се здружиле Венко, Али и Димче, затоа што се жедни за власт и не бирааат начин како да дојдат до власт. Втората опција е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Првата е опција која имаше можност да покаже и да докаже како се грижат за својот дом, нашиот заеднички дом, нашата Македонија до пред само 15 месеци. Тие беа 7 години Влада и можеа да се докажат со работа со дела со проекти кај граѓаните колку тие вистински се грижат за нашиот заеднички дом. Но, таа шанса ја испуштија затоа што 7 години имавме грабеж, 7 години имавме пљачка на македонскиот народ, и она коешто најмногу боли, а тоа се оние национални предавства кои ги направија и на народот и државата, истакна Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски истакна дека трилингот СДС, ДУИ и Левица се обидува да ја врати државата назад, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се што ветува во кампања, реализира.

Овој трилинг кој се обидува да ја врати Македонија наназад пред година и пол тоа што се случуваше е едната опција и другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Изминатите 15 месеци решаваме проблеми кои се наталожени со децении. Ветивме зголемување на пензиите и тоа го испорачавме. Втората работа која ја ветивме на претседателските и парламентарните избори беше дека нема да правиме коалиција со ДУИ и дека Али Ахмети после 20 години ќе биде во опозиција и тоа го испорачавме. Денес ДУИ е во опозиција. Третата крупна работа што ја ветивме, е дека секоја година од централниот Буџет ќе издвојуваме по 250 милиони евра за проекти, за финансирање на капитални инвестиции во општините, кои се за потребите на граѓаните, тоа и го реализиравме. Ние инвестираме насекаде во државата, нагласи Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври за развој и напредок на државата.

— реклама —

На 19 октомври да излезете масовно и да го направите вистинскиот избор да го заокружете бројот 9, за да се реализираат проекти, за доброто на Валандово, за твојот човек, за твоето место за вашата иднина, кажа Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

lepa-brena

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се разочарани заради откажаниот концерт во Крива Паланка на Лепа Брена, која им пеела и на војската на Младиќ

Македонија | пред 23 часа

vmro-dpmne-sediste1

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата расте, јавниот долг во однос на БДП се намалува, а инфлацијата е ставена под контрола

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против секоја инвестиција што носи развој, не можат да се помират со фактот дека Македонија се движи напред

Македонија | пред 1 ден

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ со прашање до Филипче: Дали преку СДС во Македонија продира „српскиот свет“?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања