„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мицкоски: Ваков попис каков што власта турка нема да поддржиме и нема да го признаеме, вака ќе испаднеме земја со 3 милиони жители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski-6

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Мицкоски при своето гостување посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема поддржи ваков попис како што планира Зоран Заев. Со ваков попис како што планира Зоран Заев ќе излезе дека Македонија има три милиони жители.

— реклама —

„Ваков како што е конципиран пописот нема да го признаеме. Затоа даваме предлог еве за да го признаеме пописот дајте луѓе да набавиме 10.000 терминали, дајте да попишеме резидентно население, а не замислено население. И да знаеме колку население точно имаме“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека сите предлози ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преточи во амандмани.

— реклама —

„Ако има очекувања дека и ова може со филибастеринг да се сопре, не може бидејќи има европско знаменце. Треба да и кажеме на јавноста што можеме, а што не можеме. Ние бараме да биде вистински статистичка операција, а нема потреба од два потписа. Еве, да одиме преку фингерпринт терминали односно единици каде што ќе се чита отисокот на прст“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека вака како што е концепиран пописот ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го признае. И следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе попис кредибилен кој што вистински ќе биде статистичка операција, а не на крај со двоен потпис да даде политички одговор.

„До ден денеска не е јавно презентирана методологијата на попишување. Знам дека има, но зошто таа методологија пред да влезе во Службен весник не ја дадат на опозицијата, па и опозицијата да се изјасни“, нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања