Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски вели дека смислата за хумор на Ковачевски е чудна: „Нека не коленичи под фустанот на ДУИ и нека излезе на избори“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Чудна смисла за хумор има Ковачевски, морам да признам. Но, има само еден начин тоа да го покаже и докаже, наместо како кукавица да биде под фустанот на коалициониот партнер ДУИ, нека излезе на избори и ќе видиме кој кого ќе победи и какви ќе бидат резултатите, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од општина Аеродром одговарајќи на новинарско прашање.

— реклама —


— реклама —

Мицкоски додаде дека се додека Ковачевски како кукавица се крие под фустаните на ДУИ, тој ќе остане само на кукавички заканувања.


— реклама —

„Се додека е како кукавица и коленичи под фустаните на поголемиот коалиционен партнер во Владата, а тоа е ДУИ за жал ќе остане само на кукавички заканувања, а во суштина делата ќе изостанат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додаде дека има мали карактери кај кои што проработува филозофијата на нивната фрустрација и честопати знаат таа фрустрација и во јавност да ја артикулираат.


„Еве јас го повикувам еднаш да се охрабри и да не биде кукавица, да не биде сокриен под фустаните на коалиционите партнери и нека излезе на избори за да се соочиме пред граѓаните. И да видиме кој е тој, дали тој навистина ќе не победи, или пак резултатот ќе биде поинаков. Нека не чека, ние сме подготвени уште утре да се распушти Парламентот и веднаш да одиме на избори“, нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања