„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мицкоски: Владата нека го примени онашто го предлагаме, медицинскиот персонал голораки се борат против корона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski-1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во своето  гостување во централниот дневник на МТВ истакна дека власта треба да го применува онашто го предложува ВМРО-ДПМНЕ, затоа што е во насока на грижа за здравјето на граѓаните, како и тоа дека треба да се заштитат и поддржат луѓето коишто во прва линија се борат голораки против пандемијата, заради недостиг на медицинска опрема.

— реклама —

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија може да нуди проекти, идеи, предлози за тоа како треба да се справува со кризата и да го понуди сиот ресурс којшто го има на располагање.

„Ние не можеме со сила на некому да ми дадеме, ако тој не сака наша поддршка и помош. Дел од тие мерки на прва не ги прифаќаат поради суетата, па чекаат да поминат неколку дена па потоа дел од мерките ги прифаќаат модифицирано, за да не се каже дека тоа ВМРО-ДПМНЕ го предложило. Само нека го применат она што го предложуваме, сите политички ловорики нека бидат за нив, сета слава нека биде за нив, сето она коешто мислат дека е добро да се примени, за да се заштити здравјето на граѓаните, затоа што почнаа луѓето да ни умираат“, вели Мицкоски.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања