Промени тема
Контакт

Мицкоски: Владее чувството и третманот на власта кон луѓе од прв и втор ред, бранот е голем, очекувам да стигнеме до или близу до 61 пратеник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mickoski-h-3

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за подкастот на Плусинфо истакна дека во Македонија владее чувството и третманот на власта кон луѓе од прв и втор ред и додаде дека бранот за промени кај народот е голем затоа и очекува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да освојат 61 пратеник или да бидат блиску до таа бројка.

— реклама —

Мицкоски потенцираше дека СДСМ треба својот пораз да го бара многу поназад не само во кампањава и овие неколку месеци, туку уште кога во услови на корона криза направија епска злоупотреба на државните ресурси, институции пари.

Уште од тогаш постепено започна нивниот пораз и посериозно се случи на локалните избори кога имаа два убедливи порази и повторно се случи коалиција од позиција на опозиција да освои мнозинство на градоначалници и тоа требаше да биде индикатор. Затоа ние во тој период имајќи ги предвид интересите на државата, баравме предвремени парламентарни избори и на демократски начин да се испочитува волјата на мнозинството граѓани, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски посочи дека тогаш СДСМ одлучи преку насилни начини и чуден начин на водење политика кога исчезнуваа и пратеници, да опстојат на власт и да ги задржат фотелјите по било која цена.

— реклама —

- Природно беше Зоран Заев кога поднесе оставка во СДСМ да поднесе оставка во владата и да одиме на избори, но тогаш на чуден незапаметен начин се постави Димитар Ковачевски и ќе дојдеме до заклучок дека тоа е првата посериозна грешка по локалните избори, а потоа потчинетата улога и неискуството на Ковачевски дојде до израз, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тогаш во таква ситуација ДУИ се наметна, а СДСМ за да ја задржи власта влегуваше од грешка во грешка потчинувајќи се на политиките на ДУИ и тоа доведе чувство на апатија во Македонија.

— реклама —

- Луѓето се чувствуваат дека имаме малкумина кои се привилегирани и граѓани од прв ред и мнозинство граѓани од втор ред и конечно затоа не чуди оваа бројка на овие избори и ако таа после втор круг се зголеми да надмине 550.000 или 600.000 гласа и не би се изненадил ако ВМРО-ДПМНЕ освои 61 пратеник или биде блиску. Тоа е така затоа што тие повторно водат чудна реторика и имаат погрешна порака, ништо не се промени кај нив, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 2 години

— реклама —
glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 2 години

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 2 години

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања