Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Власите во Македонија се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickoski-novo-selo

Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница,  Дозволете во мое лично име и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 23 мај, Националниот празник на Власите.

Власите во Македонија се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја кои низ вековите наназад придонесувале за нашата Татковина, за нејзината изградба и просперитет,  што несомнено е влог и за нејзината иднина. Влашката етничка заедница во Македонија и целата нивна култура, традиција, фолклор и јазик се значаен сегмент од богатството на македонското општество, кое било и ќе биде втемелено на меѓусебното разбирање и взаемна почит како вековни принципи по кои живееме на овие простори.

— реклама —

Придонесот на Власите во Македонија е вреднуван и должен за почит. Тоа е основата на нашата заедничка борба за подобра иднина на сите наши деца да продолжи во борба за напредна и европска Македонија како правна држава со подеднакви можности за сите нејзини граѓани, но пред се перспективна и економски развиена.

— реклама —

Власите денес, исто како и сите наши сограѓани ја споделуваат тешката судбина на мачното секојдневие исполнето со неизвесност, несигурност и нарушен стандард. Денес живееме во поделено општество каде разликите во стандардот, поларизацијата, конфликтноста и неправдите стануваат кочница за напредокот.

Имаме ерозија на вредносниот систем, а власта нема чувство за основните потреби на поединецот. Криминалот и корупцијата ја одземаат перспективата и го разјадуваат општеството. Ова мора да се смени, а тоа зависи од сите нас.

— реклама —

Нашиот сон може да биде вистина само со посветеност, работа и заедништво, бидејќи тоа е единствената гаранција за подобро утре на сите во Македонија, вклучително и за Власите.

— реклама —

Нека е честит и вековит 23 мај, Националниот празник на Власите.

Нека е вечна Македонија, се вели во честитката од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања