Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да учествува во работните групи и на јавната расправа за Законот за јавно обвинителство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski

ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се донесе законот за јавно обвинителство доколку Владата, односно предлагачот има сериозна намера да ги прифати забелешките на опозицијата и ќе продолжи да учествува во работните групи и на јавната расправа.

— реклама —

„Инаку што му претходеше на она фијаско од вчера, претходеше наш предлог да се одржи состанок на тие работни групи за да може да се дискутира околу ново стариот предлог на текстот по законот за јавното обвинителство. Од нивна страна дојде предлог дека е добро да бидат вклучени и координаторите на другите пратенички групи. Ние тогаш рековме во ред, прифаќаме. Но прифаќаме и исто така да биде вклучен и експертската јавност и претставници од меѓународната заедница, за да биде комплетно сето ова. Да направиме една јавна дебата и да го поканиме јавниот обвинител. Ако веќе така сакаме, да го прошириме форматот на луѓе кои што ќе дебатираат по суштината на ново-стариот предлог за Законот за Јавно обвинителство. Нормално тоа од нивна страна не беше прифатено, и во текот на денот не информираа дека ги поканиле координаторите на другите пратенички групи во рамките на Парламентот. За да не биде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува, еве да излегуваат со разно разни критички изјави ние одлучивме да бидеме дел од тој состанок и да си ги кажеме нашите ставови. Меѓу кои и беше и честитката до министерката т.е. пардон новата претставничка во Венецијанската Комисија за правда, а тоа е госпоѓата Рената Дескоска. Потоа нашите позиции поврзани со текстот за Законот за Јавно обвинителство и отприлика тука се сведе дебатата и замоливме да биде повикан барен Јавниот обвинител да присуствува на тој состанок, затоа што кога станува збор за Јавно обвинителство, состанок на експертско ниво добро е да имаме и Јавен обвинител, односно државниот Јавен обвинител кој што ќе присуствува и ќе даде свој коментар имајќи предвид дека на 27-ми декември прилично е критизерски и негативно даде изјава поврзана со Законот за Јавно обвинителство. Се обидов да бидам колку што е можно попрецизен околу тоа што се случуваше, но и што му претходеше на она што вчера се случуваше на неуспешната средба поврзана со старо-новиот предлог на текстот за Законот за Јавно обвинителство, истакна Мицкоски.

Според претседателот на ВМРО ДПМНЕ има процедура дајте да донесеме закон, да го донесеме тој член со кој што ќе се официјализира сето она кое што е од областа тужител заклучно со 30.06.2017 поднесено во рамките на судовите. Тогаш они одлучија на таков начин и велеа дека тоа е исправно, дека тоа е согласно Законот и Уставот. За да денеска во новиот предлог бараат од нас во процесите во кои што се во тек да донесеме член со кој што практично ќе се легализира она кое што беше направено на незаконит начин и неуставен начин. А, тоа беше преносот на случаевите од СЈО во редовното обвинителство, на начин на кој што тие го направија. И сега како ние тука да гледаме сериозен партнер кај луѓето кои што самите не знаат што прават. Гледаме дека се конфузни и дека практично се изгубени во целата оваа ситуација бидејќи се пред се уплашени, свесни се дека по 12-ти април следува одговорност за неправдата и криминалот кој што го направија изминатиот период и сега бараат начин како да се заштитат. И единствен начин им е сега вака како што Вие кажавте емпириски со 80 пратеника да они обезбедат заштита за заштита за Заев по 12-ти април. Така што еве долгата прикаска на кратко ако постои реална желба од страна на Владата да се прифатат забелешките на опозицијата кои што се аргументирани фактички тогаш зошто да не го донесеме тој Закон. Но доколку не постои таа желба тогаш тоа е тоа. И ќе ве потсетам последно како резултата на тоа дивеење со законите и злоупотреба ние денеска како политичка партија сме единствена во Европа тоа го информира и Претседателот на Европскиот Совет, единствена во Европа ќе ве потсетам со замрзнат имот и не можеме практично да функционираме соодветно и тоа нас не интересира, не не интересира само тоа што некој друг го интересира, нас не интересира она што нас ни е проблем за нормално функционирање. Видете најмалку половина милион граѓани во оваа држава се идентификуваат со оваа политичка партија, сакал тоа, не Зоран Заев, Русковска и останатите да го признаат. Како ние на тоа да гледаме, рече Мицкоски.

— реклама —

видео: ВМРО ДПМНЕ

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања