Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат изборите ќе победи убедливо, но ако цената е макар и еден загубен живот, таквите некрофилски политики не прифаќаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski-2

ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат изборите ќе победи убедливо на тие избори, но ако цената е макар и еден загубен живот, таквите некрофилски политики како партија не прифаќаме, цената за тоа не смее да биде изгубени човечки животи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Топ Тема на Телма телевизија.

„Знам дека нашиот политички противник наметнува антикампања дека ВМРО-ДПМНЕ бегал од избори, но мојот одговор на тоа прашање може да кажам дека кога и да се случат тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ.  Но, повторно ќе кажам, ако цената за тоа е да имаме еден повеќе загубен живот, јас не би сакал да бидам дел од таквото сценарио.“ потенцираше Мицкоски

— реклама —

Тој додаде дека тоа некрофилско сценарио го остава на други политичари кои се длабоко потонати во политичкото мочуриште и бараат сламка за спас.

— реклама —

„И еден ако е јас не би можел да живеам со сето тоа, бидејќи јас не се чувствуам ако човек потонат во политичко мочуриште и ми треба сламка за спас. Се чувствувам дека сум слободен, човек кој цврсто гази на нозе и не му треба помислат дека еден човек повеќе починал затоа што ние сме избразле во одлука кога ќе се случат изборите. “ изјави Мицкоски

— реклама —

Тој нагласи дека тие како политичари мора сериозно да се однесуваат и пред се одговорно кон здравјето на граѓаните, а дури потоа да размислуваат како и дали би ги одржале тие избори.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања