Промени тема
Контакт

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за националните интереси е во одбрана на истите и така ќе продолжиме, наш главен приоритет во моментот е да ги почнеме преговорите со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-956

„Тоа е мојата порака која што ја кажувам често пати и во Македонија каде што имам настани и говори, дека како што се обединивме сите околу случајот со Украина и агресијата таму, така треба да се обединиме сите околу случајот за Македонија и политичката агресија која што се врши околу нашата Македонија, македонскиот народ и граѓаните на Македонија од една наша соседна држава. На граѓаните им е јасно за која држава станува збор. Мислам дека таа порака допре до сите присутни во салата и според она кое што можев да го слушнам после моето обраќање и од коментарите кои што потоа ми ги пренесоа дел од делегатите и луѓето присутни во салата. И ценам дека треба што почесто на овој начин да разговараме низ Европа и низ светот, и да ги промовираме нашите македонски вредности, и да ги промовираме нашите интереси“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во изјава за вести на Алфа телевизија.

— реклама —

Мицкоски додаде дека е потребно промовирање на македонските интереси во Европа и светот. Тоа е таа порака која што политичарите треба да ја испраќаат во Европа, дека Македонија заслужува да ги отпочне конечно преговорите со ЕУ.

— реклама —
— реклама —

„Заслужуваме да ги почнеме конечно преговорите со ЕУ. И ценам дека тоа може наредно да се случи за време на Европскиот совет кој што ќе се случува нели помеѓу 22-24 јуни. ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за националните интереси секогаш како партија и јас како човек сме биле во одбрана на истите и така ќе продолжиме. Наш главен национален приоритет во моментот е да ги почнеме тие преговори, без се разбира дополнителна национална капитулација како што тоа беше во минатото кога Владата ја предводеше Зоран Заев, и најавата која што следи од оваа Влада која што ја предводи Ковачевски. И убеден сум дека без било какви понижувачки отстапки европските вредности ќе преовладуваат и Македонија ќе ги отпочне преговорите во јуни“, нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања