Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било пообединето, но ако мислат дека има раскол ајде на предвремени избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


СДС би посакувале да има раскол, но не само што нема раскол, партијата никогаш не била пообединета. Но од друга страна можете да забележите како кога се гласаше дневниот ред за уставни измени ќе забележите дека двајца пратеници од коалицијата на СДС не гласаа. Истовремено ќе видите дека од ДУИ на дневна основа се појавува некој, дури имаме нови политички партии, што значи расколот е на друго место, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарски прашања.

— реклама —


– Во ВМРО-ДПМНЕ постои една кохезија како никогаш досега, истакна Мицкоски.

— реклама —


Мицкоски посочи дека ако власта смета дека има раскол во ВМРО-ДПМНЕ тогаш би имале подобра позиција па нека го распуштат парламентот и да се оди на избори.

— реклама —

– Тоа е единствениот начин да се покаже каде има раскол, еве нека се распушти парламентот и да одиме на избори да видиме каков ќе биде исходот, потенцираше Мицкоски.


Во однос на состаноците на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека тоа се редовни бидејќи наскоро има избори.

— реклама —

– Вчера имавме Извршен комитет , утре редовен централен комитет, треба да се носат одлуки, за 6 месеци од денеска отприлика ќе имаме избори претседателски и парламентарни значајни, се докомплетираат структурите на партијата и тоа се редовни процеси и а Извршниот и Централниот комитет, изјави Мицкоски.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања