Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Мицкоски: Внесот на Бугарите во Уставот е диктат кој го прифати оваа Влада, не ја гледам потребата за внесување на Бугарите кои ги уживаат сите права

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
gordana-siljanovska-mickoskiKonvencija-10-02032024

Бугарски диктат не можеме да прифатиме. Од друга страна ги гледаме дел од претставниците на меѓународната заедница кои велат ние сме гаранција дека ова ќе се спроведе, а ние велиме во ред од вас сме слушнале многу гаранции. Но, ајде да земеме да работиме и да бидеме конструктивни, уверете ги вие Бугарите дека тоа што е одлука на европска институција треба да се почитува, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашање за одложено важење на евентуално прифаќање на уставните измени за време на гостување на централниот Дневник во „Тема на денот“ на телевизија Сител.

— реклама —

Мицкоски укажа дека внес на Бугарите во Уставот е диктат прифатен од оваа Влада укажувајќи како да се верува дека ова ќе е последно барање на патот на Mакедонија кон Европската унија.

„Ако вие не можете да ја убедите Бугарија да почитува одлуки на европски институции, а Бугарија е потписник на Конвенцијата за човекови права како да веруваме. И ако вие не сте во можност да ја убедите Бугарија како да веруваме дека ова е последно барање и дека нема да има други барања. Ние бараме еден вид гаранција дека нема да има други барања и други понижувања“, кажа Мицкоски.

— реклама —

Според Мицкоски главно е што според Уставот права уживаат сите етнички заедници подеднакво.

„И доаѓаме до главното нашиот Устав е таков да правата на секој граѓанин без разлика на етничка припадност е загарантирана. Нашиот Устав не завршува со тоа што се почитуваат правата на наведените туку на сите. Ние многу проголтавме изминатите години“, изјави Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека внесот на Бугарите во Уставот е диктат кој го прифати оваа Влада и оти не ја гледа потребата за внесување на Бугарите во Уставот, бидејќи како што рече според Уставот сите припадници на заедници ги уживаат сите права.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања