Промени тема
Контакт

Мицкоски во криза најавува нови блокади, СДСМ тоа нема да го дозволи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

Во услови на најголемата криза кога на граѓаните им треба функционално Собрание кое носи закони во интерес на граѓаните, Христијан Мицкоски решава да да ги засили блокадите.

Очигледно решил по деструкција да го надмине и својот шеф и ментор Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира голем број закони од интерес на граѓаните како што се Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата.

— реклама —

Ништо друго не се ни очекуваше од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат во ист стил, со иста матрица, со една цел – блокада на државата.

— реклама —

Со ваквите постапки Мицкоски не го блокира ниту СДСМ ниту Владата, туку на тој начин ги блокира решенијата за подобар живот за граѓаните.

СДСМ останува отворена за сите добронамерни и конструктивни предлози, но ги осудува сите обиди за блокади и вештачки кризи поради лични и партиски интереси, особено во време кога се води борба против последиците од кризата и за заштита на стандардот на граѓаните.

— реклама —

СДСМ и граѓаните нема да дозволат блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ да наштетат на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања