Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски: Во овие моменти ВМРО-ДПМНЕ води убедливо, но ова ќе биде тешка и голема битка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski

Убеден сум и сигурен дека сме пред прагот на една голема и убедлива победа, победа на нова генерација во политиката, победа над неправдите и победа на концепт темелен на вредности. Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред присутните на Конвенцијата за преставување на кандидатите за пратеници.

— реклама —

„Во овие моменти ВМРО-ДПМНЕ води убедливо. Но ова ќе биде тешка и голема битка. Не смее самоувереноста во победа да не удри во глава. Ниту пак славата. Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е важен. Секој човек за ВМРО-ДПМНЕ е важен. Сакаме да докажеме дека сме помудри за грешките од минатото, и не само тоа, туку дека целосно го имаме обновено нашиот круг и нашите вредности“, рече Мицкоски.

Претседателот на опозициската партија, во обраќањето оцени дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори оди со многу нови луѓе и двајца натпартиски носители на чело на листите.

— реклама —

„СДСМ треба да се казни поради понудата на трговски листи кои се производ на трговија, поткупи и меѓусебни дилови. Тоа се листи за пораз и меѓусебно покривање. Мислат така имунитетот ќе ги штити ако станат пратеници, а треба да се свесни дека ако згрешиле спрема законот нема сила што ќе ги спаси. Измислицата и најновото комично крешендо на Заев беше она посипување со пепел пред промоцијата на листите кога кажа ќе имале тандеми носители. Тоа е апсурд, кога по закон има само еден носител, ама тука е очигледно дека сакаат срамот на носителот да се покрива со уште еден од тандемот“, рече Мицкоски.

За носителите од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажа дека се луѓе со кредибилитет, чест и образ.

„Гордана Силјановска и Игор Дурловски се признати во светот и во своите животи имаат се што би можеле да посакаат успешни професионалци се, но ја немаат слободата и ја имаат загриженоста дека вака повеќе не може. За нив не е проблем да живеат во било кој дел од светот ама пустото каменот тежи највеќе дома и се решија да се борат против неправдите, против неспособноста и против газењето на тие вредности. И кога го гледам нивниот мотив сфаќам колку погрешно се движат работите во земјата и колку мора побрзо да се променат. Дафина Стојановска и Владо Мисајловски се луѓе со кредибилитет, угледни во својата средина, луѓе работници, со чест и углед и знам дека најдобро ќе ја шират нашата мисла и визија. А, Игор Јанушев и Александар Николоски се луѓе кои знаат во каква битка влегуваат, одлучни и искрени и нивната победа ќе значи победа над неправдите, но отпочнување на битка за европеизација на нашата татковина Македонија“, рече Мицкоски.

Во однос на тоа што тој не е носител на листа, Мицкоски и во денешното обраќање го повтори ставот дека на листите треба да бидат предложени пратеници, имиња и презимиња со кредибилитет на кои местото им е во парламентот.

„Јас со моето име стојам зад сите 120 кандидати за пратеници и не се кријам и овој предизвик го прифаќам и убеден сум во една голема, историски најголема победа. Затоа и Заев избега од идејата за кандидат за мандатар, човекот се плаши и бега. Знае дека и во најпесимистичките сценарија анализирани на Бихакќа ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува. Ете тоа е вистината зошто Заев не одговара на тоа што ќе прави кога СДСМ ќе загуби на изборите. Зошто ќе гледа да се спасува како пратеник и ќе го окупира лидерското место во СДСМ. Но, тоа е негова работа и јас во тоа нема да се мешам. Мене ми е целта да ја поразиме неспособноста и да ја вратиме државата на вистинска патека“, рече Мицкоски.

фото:Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања