Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Во проектот за делниците 8 и 10 д Владата е фатена во сериозен криминал, сега се труди да го покрие со закон за заштита на деловни тајни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Во врска со закон за деловните тајни добиваме информации преку медиуми. Мислам дека е поврзано со еден проект за кој тие велеа дека е деловна тајна, ние велевме дека не е деловна тајна. Тоа е проектот за делниците 8 и 10 д, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на општина Лозово во рамките на „Важно е! Од тебе зависат промените“.

— реклама —


— реклама —

Тој укажа дека „таму се фатени буквално во сериозен криминал и сега се трудат како сето тоа да го покријат“.


— реклама —

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информира дека таков текст на закон не е доставен до партијата укажувајќи дека во брзање да го покријат криминалот, ќе донесат еден ваков закон.

— реклама —

Но, тоа, додаде Мицкоски, нема така да помине.


„Оваа нивна идеја нема така да помине, се разбира, доколку не е злоупотребено европското знаменце, ако го злоупотребат европското знаменце, тогаш со промената на власта, следната влада има сериозна намера сето тоа да го коригира“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања