Кандидатката Данела Арсовска кажа дека има решение за секојдневните проблеми на скопјани, а силен придонес дале експерти за новите потфати во Скопје. Духот на програмата, според неа, е емпатијата. Нејзина мисија рече дека ќе е поврзан град кој нема да ги заборави своите жители. Арсовска смета дека Скопје ќе има брз развој.
„Скопје никогаш не било повалкано, жители живеат во населби каде нема улици, канализација вода. Јавните претпријатија се во финансиски проблеми, генерираат долгови бидејќи некој не ги менаџира соодветно. Како одговор на ова можев да одберам да стојам настрана или да делувам. Затоа знаењата кои ги поседувам ќе ги посветам за да живееме во модерно Скопје. Мојата визија е градот да биде модерна метропола на која сите ќе бидеме горди. Град кој ќе испорачува решенија за сите проблеми. Скопје да е град кој ќе има брзи сообраќајници кои ќе ги поврзуваат сите населени места. Администрацијата да биде мотивирана. Скопје кое ќе се радува на спортски успеси, на култните места кои повторно ќе го добијат својот сјај. Имаме проекти базирани на факти и докази. Амбициозни, но остварливи пофати. Нивната рализација бара ентузијазам и посветеност. Со мојот тим и вас скопјани ќе ја реализираме и ќе бидеме горди на тоа што сме го постигнале“, рече кандидатката Данела Арсовска.
Таа посочи дека првиот проект е нулта корупција во администрацијата. Веќе презентираше дека би набавила 250 нови автобуси во Скопје, дека Скопје нема да има заборавени места односно населби, но и бесплатен превоз за сите.