Мицкоски: Во среда протест против неправдата, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта? Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој во продолжение на својата објава додава:

— реклама —

-Кога Луј Витон судството носи “трас-трас” одлуки кои ги диктира Заев

-Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата

— реклама —

-Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види

-Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови службени возила истата таа мафија

-Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат

-Кога судството го штити криминалот

-Кога обвинителството молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделки на Заев-Дака за милионски бизниси во Тетово

-Кога обвинителството не сака да го види криминалот во Еуростандард

Одговорот на сето ова е протест.  ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во среда во 18 и 30 часот да протестираат против  неправда, реваншизам и насилство на мафијата на Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања