„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мицкоски: Христовото раѓање е нова надеж за светот, овој ден нека ви донесе мир, спокој и радост во Вашите домови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski-2

Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам големиот Христијански празник - Божиќ на сите верници кои го слават според Грегоријанскиот календар, се вели во честитката по повод празникот Рожденство Христово Божик, до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите припадници на Католичката црква и до сите Христијани кои денеска го слават Христовото раѓање, од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски во честитката пишува:

Христовото раѓање е нова надеж за светот, тој донесе светлина и иднина.

— реклама —

Овој голем празник нека донесе мир, спокој и радост во Вашите домови.

Оваа година Божиќ го празнуваме во посебни услови. Пандемијата кој го обзема светот е се уште присутна. Во овие тешки моменти за човештвото воопшто да се потсетиме и да ги применуваме Христијанските вредности, како толеранцијата, искреноста, љубовта кон ближниот, да си подадеме рака и заедно да ги пребродиме искушенијата. Но пред се да знаеме дека преку вербата се пребродуваат и најтешките искушенија. Нека Христос ни го осветли патот и ни го покаже правецот.

Христос се роди! Среќен Божиќ!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања