Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски за Божик: Да ја развиваме државата, за да не се празни, младите да останат тука и Македонија да оди напред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Mickoski-07.01

Најпрвин ќе ми дозволите да го честитам големиот православен христијански празник Божик. На сите верници да им посакам многу здравје пред се, да бидеме повеќе среќни, да има многу љубов, да се почитуваме, вреднуваме затоа што мислам некако како тоа да ни недостасува во изминатиов период, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Воедно на сите граѓани без разлика дали се православни христијани, кои се наши сограѓани да им посакам мир, многу љубов, исто така многу почитување и здравје и среќа. Затоа што здрав и среќен човек е мотивиран човек може да направи она кое го цени и негува амбиција да го направи.

— реклама —

Навистина ова се денови кога треба да се обединиме без разлика на нашите, би рекол политички разлики, ова се денови кога треба да пратиме порака на обединување, на заедништво.

Тоа ни е потребно, ние сме мал народ, мала држава и треба да се почитуваме затоа што само обединети и доколку се почитуваме ќе стигнеме до нашата цел, а тоа е да не ни се случуваат неубави работи, да не ни се празни државата, младите да ни останат тука, Македонија да се развива онака како што и доликува, онака како што треба да се развива, а тоа е како една модерна европска држава која ќе биде почитувана од сите и сакана од сите нејзини граѓани“, додава тој.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања