Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Мицкоски за евентуалниот влез на АА во Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
300004479_10228407940004644_863135617630116481_n

Политичката сцена во Македонија полека но сигурно СДСМ и ДУИ ја претвораат во естрада и на тој начин се губи сериозноста и се губи надежта кај граѓаните во Македонија дека може нешто да биде подобро, бидејќи гледаат како на отворена сцена политичарите се препелкаат за функција повеќе, за тендер повеќе, за некое материјално задоволство повеќе, без суштина и без некаква политика којашто би значела подобар живот за граѓаните во Македонија.

— реклама —

Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Петровец одговори на новинарско прашање за евентуалното влегување на Алијансата за Албанците во Владата.

— реклама —

Тој, исто така, додаде дека со влегувањето на АА во владата не очекува да се промени ништо на подобро за народот, освен тоа што ќе има неколкумина побогати политичари кои ќе бидат носители на функции.

— реклама —

„Дали Алијанса ќе влезе или нема да влезе во Владата, тоа е претпоставувам одлука на раководството на Алијанса за Албанците и одлука на коалицијата СДСМ ДУИ и јас не би можел тука што да додадам. Само да кажам дека за десетина месеци колку што имаат пред нив овој состав, оваа влада, еве под услов и да нема предвремени парламентарни избори јас не очекувам нешто да се промени, напротив, работите ќе бидат сѐ полоши. Ќе имаме неколкумина побогати политичари кои ќе бидат носители на функции, сега од редот на Алијанса за Албанците, а народот буквално нема да добие ништо. Но, честопати во политиката треба да барате малку и филозофија и социологија. Јас би сакал малку ова што денеска се случува да го изедначам со една убава игра, а тоа е шахот. Во шахот не е суштината да дадете шах, туку во шахот суштината е да дадете мат. Набргу од денеска ќе бидеме сведоци на еден таков мат кој што ќе го добие оваа влада на ДУИ подржана од СДСМ и сега засилена со неколкумина политичари кои што гледаат како да бидат малку побогати во наредните десетина месеци“, потенцираше Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања