Мицкоски за горивата: Владата итно да се откаже од акцизата за горивата, ова е жесток удар врз граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека власта јавно кажала дека знаела за агресијата врз Украина пред 4 месеци, што значи дека одговорна власт би се подготвувала за ценовен и економски шок.

— реклама —

„Но, тие пропуштија да се занимаваат со тоа што е најважно за граѓаните, нивниот стандард. Она што денес се случува во Македонија не е одраз на војната во Украина, туку последица на неспособната Влада. Поскапувањето на бензините е жесток социјален удар врз граѓаните во секој поглед, врз вработените, невработените, земјоделците, индустријата, стопанството.

— реклама —

Не е време за изговори. Владата итно да се откаже од половина од акцизата која ја добива од горивата и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој е заглавен низ собраниските лавиринти за намалување за 50 проценти на акцизата. 43% од цената на бензините се давачки кон државата за секој литар гориво. Да се намали ДДВ за храна. Наместо 5 проценти даночна стапка за храна, да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула.

— реклама —

ДДВ-то на електричната енергија до крај на годината да остане на исто ниво на 5%. И многу важно, раст на платите во јавниот сектор преку усогласување на коефициентот на тежина на работната сила со веќе договореното со колективните договори. Пари во буџетот има, нека престанат да крадат, нека се стопираат непродуктивните трошења, набавките за златни чинии, нека се контролираат јавните трошења“, вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања